Вчера попладне, Парламентот во Братислава усвои измени на законот за сообраќај, со кои ќе се ограничи максималната брзина на тротоарите во урбаните средини на 6 километри на час.
Мерката се однесува на пешаци, велосипедисти, скејтери и возачи на електрични или обични тротинети - односно на сите учесници во сообраќајот.
„Зголемен број на судири со возачи на мобилни возила“
„Главната цел е да се зголеми безбедноста на тротоарите во однос на зголемениот број на судири со возачи на мобилни возила“, рече авторот на амандманот од владејачката партија Смер на премиерот Роберт Фицо.
Иако законот нема да стапи на сила до почетокот на следната година, неговите предлагачи не разјаснија како планираат да го спроведат, пишува Политико.
Во просек, едно лице оди со брзина од четири до пет километри на час. Сепак, Британската фондација за срце пишува дека брзината од 6,4 е умерена за некој во одлична форма. Опозицијата го критикуваше новиот закон, па дури и Министерството за внатрешни работи на Словачка нагласи дека би било посоодветно да се забранат електричните тротинети да се возат по тротоарите отколку да се воведе општо ограничување на брзината, додава Политико.

