Дислексија е состојба при која препознавањето на гласовите и нивното поврзување со букви и во зборови е отежнато, а тоа доведува до бавно читање и потешко разбирање на прочитаното. Овој проблем ги засега 10% од децата ширум светот, без оглед на јазикот, културата или нивото на интелигенција.
Децата со дислексија често ги мешаат буквите, тивко го изговараат текстот, фонетиката и графиката ја мешаат кај сличните букви и слогови, понекогаш додаваат, повторуваат или изоставуваат делови од зборовите. Таквите тешкотии влијаат на разбирање на прочитаното, па честопати околината погрешно ги доживува како незаинтересирани и мрзеливи. Симптомите се особено видливи кога децата ќе поминат во трето и четврто одделение, кога читањето станува средство за учење.
Препознавањето дислексија е можно преку различни тестови при кои се мери брзината и точноста на препознавање на буквите, броевите и предметите, фонолошката и фонемската свест, способноста за декодирање на зборовите, како и разбирање на прочитаното. Раното откривање на дислексијата е клучно за благовремено помагање и спречување детето да се стигматизира.
Во работата со деца многу е важен индивидуалниот пристап. Градивото треба да биде интересно и визуелно прилагодено, а вежбите вклучуваат развој на моториката на раката, читање наглас, вежби за препознавање букви, дополнување букви, како и користење едноставни помагала, како топки. Овие активности помагаат децата полесно да го разберат текстот, да развијат концентрација и да стекнат позитивни искуство во учењето.
Иако не постојат лекови за дислексија, посетите на логопед и едукативните материјали значајно помагаат во надминување на тешкотиите. Благовремената поддршка овозможува подобар образовен и емотивен развој на детето, а на родителите им овозможува алатки со кои ќе го поддржат учењето на своето дете.

