Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

Првите семафори за пешаци со женски фигури беа поставени на улица во Никозија, што според министерот за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар Алексис Вафеадис, е симболична, но значајна иницијатива што потсетува дека жените активно и рамноправно учествуваат во животот на градот.

Семафори со женски фигури, на иницијатива на Министерството за транспорт, комуникации и јавни работи и Канцеларијата на комесарката за родова еднаквост, планирано е до крајот на ноември да бидат поставени шест пешачки премини во Никозија, Лимасол, Ларнака, Пафос и слободната област Амохостос.

При пуштањето во употреба на првиот семафор што се наоѓа пред Градскиот театар и Кипарскиот музеј во Никозија, министерот Вафеадис посочи дека ова е „мала промена со големи пораки“ што воедно ја зајакнува свеста за еднаквоста, испраќајќи правилни пораки до сите возрасти.

Комесарката за родова еднаквост Ѕози Христодулу истакна дека поставувањето на женски фигури на пешачките премини претставува реализација на уште една мерка од Националната стратегија за хоризонтално унапредување на еднаквоста меѓу жените и мажите.

Додаде дека станува збор за симболичен потег „што ги руши стереотипите и испраќа порака дека жените припаѓаат на сите јавни простори“, но и дека ваквите активности „придонесуваат за промена на перцепциите, особено меѓу младите и ги унапредуваат прашањата на еднаквоста и учеството“. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата