Миленичето ги довело пред суд: Дечко ја тужел бившата девојка бидејќи откако раскинале го задржала кучето!

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Миленичето ги довело пред суд: Дечко ја тужел бившата девојка бидејќи откако раскинале го задржала кучето!

Девојката по име Ерин Конфортини открила дека поминува низ вистинска драма откако раскинала со своето момче, токму поради старателството за кучето. Имено, нејзиниот поранешен партнер ја тужел бидејќи таа го задржала кучето. Тој преку судска постапка побарал оштета во износ од 5.000 долари. На „ТикТок“ таа кажала дека живеела со своето момче околу една година и дека поседувале златен ретривер, Бела. Две недели пред раскинувањето ималеп остојано кавги. Кога сега веќе поранешното момче ѝ раскинал, нејзината единствена грижа било кој ќе го чува кучето.



„Ми кажа дека ја зема и дека никогаш повеќе нема да ја видам. Ме замоли да се поздравам со неа, по што јас се расплакав. Знаеше дека тоа е единствениот начин да ме повреди. Немаше да ми го даде кучето, па повикав полиција и тој се согласи на крај ја чувам јас тој ден. Полицијата не сакаше да се вмеша и нирекоа дека сами треба да одлучиме кој ќе се грижи за Бела“, раскажала таа на „ТикТок“.



Ерин се надевала на договор за заедничко старателство, но нејзиниот поранешен партнер не се согласил на тоа. Таа, исто така, најмила адвокат кој ѝ помогнал да подготви договор за старателството врз Бела, но поранешниот партнер одбил да го потпише. Месец дена подоцна добила и судски документи, односно известување за тужба од нејзиниот партнер.



„Му платив за да го сочувам својот мир и ја задржам Бела, иако отсекогаш бев нејзин примарен сопственик. Ја хранам три пати на ден, ја бањам и носам на прошетки. Тој не преземаше ништо околу грижата за неа и уште ми бара пари“, ја завршила Ерин приказната околу драмата што ја преживеала за време на раскинувањето.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата