Купил палто за 15 долари, во џебот нашол вистинско богатство

10.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купил палто за 15 долари, во џебот нашол вистинско богатство

Станувало збор за донирано палто, платено за 15 долари, а во џебот - 2.000 долари уредно превиткани и прицврстени со ластик.

Откако ги открил парите, купувачот останал збунет: дали поранешниот сопственик случајно го донирал оделото заедно со парите или сакал да му помогне на некој непознат?

Тој го споделил своето изненадување со други корисници на Reddit, коментирајќи дека и претходно пронашол интересни ситници во џебовите на половни одела, но никогаш толку многу кеш.

I've found interesting things in thrifted suit pockets before, but never $2000 in cash
byu/Abloy702 inThriftStoreHauls

Неговата приказна брзо предизвика лавина од коментари од оние со слични искуства.

Еден корисник раскажа како неговата сестра пронашла женски џемпер со џеб во кој имало плико со 2.000 долари во слична продавница за половна облека.

- Мислев дека пронашла сто долари, но кога излеговме од продавницата, ми ги покажа сите стотици. Плачеше од радост затоа што толку многу ѝ требаа парите. До ден-денес, сè уште ја гледам сликата од неа како ги држи во рацете - се присети тој.

Уште поневеројатна приказна сподели еден корисник кој помогна во чистењето на куќата на починат роднина на сопругата на неговиот зет. Куќата била преполна со работи, но се покажа дека меѓу нив има вистинско богатство.

- Најдовме снопчиња банкноти на најневеројатните места - на дното од корпа за перење, во лимена кутија за леб под мијалникот, во пликови со сметки за комунални услуги. Дури и во џебовите на новата, никогаш неносена облека со етикети имаше пари и неплатени пензии. Кога ги собравме сите, се покажа дека во куќата има речиси 100.000 долари - напиша тој.

Овие приказни, колку и да се необични, откриваат дека понекогаш богатството навистина може да се скрие на места каде што никој не го очекува - меѓу стара облека, во заборавени џебови или на дното од кутии што собираат прашина со години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата