„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат после секс се жалеше дека искуството е многу болно за неа. Тоа природно го уништи нашиот сексуален живот, а со тоа и интимноста и врската“, навел мажот.
Набрзо започнал нова врска, но и таа неславно завршила. „Имав една краткотрајна врска, едноставно не одеше, дури ни кога поранешната партнерка беше сосема опуштена. Таа врска пропадна од други причини, но гарантирам дека ова подоцна исто така ќе станеше проблем“.
Многумина го прашале зошто не ужива во необврзувачки секс. „Отсекогаш сум копнеел по вистинска интимност, многу, многу повеќе. Причината зошто секоја врска ми пропаѓа е тоа што јас сексот многу го ценам во врската. Не сакам да одам на операција за намалување на полов орган – тоа ми изгледа погрешно. Не можам многу да направам, само сакав да ја отворам душата бидејќи е ужасно фрустрирачки“.
Открил дека должината не е проблем (18 см во ерекција), туку ширината. Својот интимен дел го споредил со лименка газиран пијалак.
Советите што ги добил на Редит биле:
„Потруди се партнерката да доживее оргазам уште пред самиот однос“.
„Ако тоа го направиш како што треба, таа нема да се жали. Многу мажи претпоставуваат дека големината може да ја замени техниката. Немој да бидеш еден од нив“.