Бебето било примено во Детскиот клинички центар откако родителите се посомневале дека можеби голтнало „ предмети“.
При преглед на желудникот и цревата биле пронајдени магнети и батерија, а имало и оштетување на слузницата и настанувал чир.
Лекарите направиле гастроскопија со помош на специјален ендоскопски апарат и ги извадиле сите предмети.
Операцијата била успешна, а детето сега е на амбулантско лекување.