Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралиец казнет со 1.400 евра оти сурфал со змија околу вратот

Видеото од „бестрашниот“ сурфер со змијата на себе, снимено на познатиот австралиски Златен Брег – јужно од Бризбејн, предизвика бурни реакции. Надлежните го казниле престапникот со 2.322 австралиски долари (околу 1.400 евра).

„За да се изнесе питон вон домот, потребна е посебна дозвола“, соопштија властите.

Во Австралија на граѓаните им е дозволено да имаат питон за домашно милениче, но не и да го вадат надвор од живеалитето без соодветен повод и причина, особено не заради сурфање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата