Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград - Приштина

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Брисел се очекува нова рунда од дијалогот Белград - Приштина

Претходната рунда дијалог се одржа на 10 јуни, по што главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими, го обвини Петковиќ за давање лажни изјави по состанокот.

Тој исто така изјави дека на 10 јуни, „т.н. Канцеларија за Косово“ објавила соопштение во кое, меѓу другото, било наведено дека „за време на трилатералниот состанок во Брисел со Приштина и со посредство на ЕУ, делегацијата на Белград инсистирала на формирање на ЗСО, како и презентирала план за намалување на тензиите...“

Состанок на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, и главните преговарачи на двете страни, Петковиќ и Бислими, се одржа на 10 јуни во Брисел. Тоа било првпат тие да седнат на иста маса од крајот на декември 2024 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата