Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грција денеска без возови поради штрајк на машиновозачите

Од синдикатот на машиновозачи на Грција соопштија дека компанијата „без никакво предупредување во август отпушти тројца искусни машиновозачи“ кои, според нив биле со над 42 години стаж и со здравствени проблеми.

- Во исто време со отпуштањето вработени, „Хеленик Трејн“, компанијата што е субвенционирана со над 50 милиони евра годишно од грчката држава, според својата омилена тактика, ги принудува машиновозачите да работат прекувремено (да работат во денови за одмор), додека на дел од персоналот не им ги додели редовните одмори за 2024 година, соопштија од синдикатот.

Паралелно ја повикуваат компанијата да ги повлече отпуштањата. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата