Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис, а в понеделник со лидерот на кипарските Турци Ерсин Татар.

Олгин, требаше пред десет дена го посети Кипар, но патувањето беше одложено „поради едно непредвидено прашање“, како што тогаш информираше портпаролот на Обединетите нации на Кипар, Алим Сидик, за кипарската новинска агенција ЦНА.

Кипарскиот претседател во неделата изрази подготвеност за средбата со личната претставничка на генералниот секретар на ОН, посочувајќи дека имаат „некои конкретни идеи за тоа како да се движиме напред“.

- Сметам дека е особено важно што г-ѓа Олгин ќе го посети Кипар пред Генералното собрание на ОН, каде што на маргините, како што знаете, ќе постои средба со генералниот секретар на ОН и лидерот на кипарските Турци, рече Христодулидис во неделата./МИА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата