Министерот за безбедност предлага забрана за социјалните мрежи за малолетници во БиХ

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерот за безбедност предлага забрана за социјалните мрежи за малолетници во БиХ

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, предложи забрана на социјалните мрежи за малолетници до 14 или 16 години, истакнувајќи дека зголемениот број терористички напади низ светот е предизвикан од малолетници меѓу 13 и 18 години кои се радикализирале преку интернет.

Нешиќ потенцира дека радикализацијата преку социјалните мрежи доведува до слични напади во БиХ.

Спомна и дека неодамнешниот терористички напад во Босанска Крупа, каде малолетник уби еден, а повреди друг полицаец, бил мотивиран од ваква радикализација.

Тој ова го оквалификува како „аларм за системот“ и истакна дека е неопходна анализа за подобрување на безбедноста во земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата