Во Ватикан средба папа Лав – Орбан

27.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Ватикан средба папа Лав – Орбан

Како што соопшти Ватикан, папата и Орбан на речиси едночасовната средба „ја истакнале силата на билатералните односи и изразија благодарност до Католичката црква, која е посветена на придонесот за социјалниот развој и благосостојбата на унгарската заедница, со посебен осврт на улогата на семејството, образованието и иднината на младите, како и важноста на заштитата на најранливите христијански заедници“.

Папата Лав и Орбан разговарале и за актуелните меѓународни прашања – војната во Украина и ситуацијата на Блиски Исток.

Предвидено е Орбан во Рим да се сретне и со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата