Власта на Санчез ослабена: Каталонската партија го откажа договорот за поддршка

27.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Власта на Санчез ослабена: Каталонската партија го откажа договорот за поддршка

Партијата „Заедно“ (Junts) на каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон одлучи да го откаже пактот за поддршка со Социјалистичката партија (PSOE) на Санчез, потврдија од „Заедно“ за ДПА..

Одлуката била донесена едногласно на состанок на 50-члениот одбор на партијата во Перпињан, Франција, објави државната ТВ станица РТВЕ. Одборот се состана во Франција, а не во Шпанија, поради сè уште важечките налози за апсење на неколку членови, вклучувајќи го и Пуџдемон.

Членството на партијата допрва треба да го одобри запирањето на соработката со Владата. Сепак, ова гласање в среда и четврток веројатно ќе ја потврди одлуката.

Без гласовите на седумте пратеници на „Заедно“ во Парламентот во Мадрид, левичарската Влада повеќе нема да има мнозинство за да протурка закони, дури и со поддршка од други помали партии. Според експертите, Санчез - кој е на власт од 2018 година - би можел да се соочи и со гласање за доверба. Можно е и тој да распише нови избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата