Во стабилизациските сили во Газа најверојатно ќе учествува воен персонал од Индонезија, Азербејџан и Пакистан

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во стабилизациските сили во Газа најверојатно ќе учествува воен персонал од Индонезија, Азербејџан и Пакистан

Функционерот на министерството, кој разговараше за американскиот сајт Политико под услов да остане анонимен, рече дека ниту една земја не дала цврста обврска, но дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан досега изразиле најголем интерес за учество на нивните членови во стабилизациските трупи во Газа.

Истата вест ја потврдува и „Тајмс оф Израел“ наведувајќи дека војници од Пакистан најверојатно ќе бидат вклучени во меѓународните сили за обезбедување на Појасот Газа, заедно со војници од Азербејџан и Индонезија

Таканаречените меѓународни стабилизациски сили се клучна компонента на мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел, што треба да го отвори патот за конечна демилитаризација и реконструкција на Газа.

САД испратија 200 војници во Израел за да помогнат во координирањето на напорите за одржување на прекинот на огнот и стабилизирање на енклавата. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата