Прва реакција на Орбан по веста дека Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта

16.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прва реакција на Орбан по веста дека Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, се огласи откако Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, неочекувано вечерва објави дека ќе се сретне со Владимир Путин, претседателот на Русија, во Будимпешта за да разговараат за завршување на војната во Украина.

Орбан го објави ова во порака на социјалната мрежа X, порано Твитер.

„Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е одлична вест за сите што го сакаат мирот во светот. Ние сме подготвени!“, рече Орбан.

За потсетување, унгарскиот парламент во април гласаше за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС), што потенцијално би му овозможило на Владимир Путин да ја посети земјата без страв од апсење по обвиненија од овој суд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата