На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

На денешен ден беше убиен Џон Кенеди, сè уште светот се прашува кој стои зад атентатот, СССР, Куба, ЦИА, мафија или ...?  а постојат и бројни теории на заговор.

Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.

Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, извршен на 22 ноември 1963 година во Далас, претставува еден од најзначајните и најтрагичните настани во историјата на Соединетите Американски Држави.

Кенеди бил убиен додека се возел во претседателската лимузина низ плоштадот „Дили“ (Dealey Plaza), во друштво на неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас, Џон Конали, и неговата сопруга Нели. Во моментот на атентатот, Кенеди имал 46 години.

Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој служел во армијата на САД, бил обвинет за атентатот врз претседателот Кенеди. По атентатот, Освалд бил уапсен и обвинет за убиството на полицаецот Џеј Ди Типит, кој бил убиен неколку минути по атентатот врз Кенеди.

Освалд негирал вмешаност и тврдел дека е невин. Два дена по атентатот, додека го префрлале од градскиот во окружниот затвор, тој е застрелан од сопственик на ноќен клуб во Далас, Џек Руби, .

По атентатот, претседателот Линдон Б. Џонсон ја формирал Комисијата „Ворен“, официјално позната како Претседателска комисија за истражување на атентатот врз претседателот Кенеди.

Комисијата заклучила дека Освалд дејствувал самостојно при атентатот врз претседателот Кенеди. Сепак, многумина ги оспориле тие заклучоци, што довело до бројни теории на заговор.

И покрај официјалните заклучоци, многу Американци веруваат дека атентатот бил резултат на заговор.

Анкетите покажаа дека голем процент од граѓаните се сомневаат во официјалната верзија на настаните. Теориите на заговор вклучуваат наводна вмешаност на ЦИА, мафијата, кубанската или советската влада, па дури и на самиот Линдон Б. Џонсон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата