Никола Прист (23) и нејзиното поранешно момче Калум Редферн (22) се прогласени за виновни во судот во Бирмингем за убиство на Кејли-Џејд Прист, тригодишната ќерка на Никол Прист, а објавени се снимките д несреќното девојче на кои е со нејзината мајка само неколку часа пред убиството.
Кејли-Џејд починала од тешки повреди на градите и стомакот, а обдукцијата покажала дека имала и повеќе стари повреди, скршени ребра, скршена потколеница и скршеница на градната коска.
Во објавеното видео можете да видите како Никол се однесува кон нејзината ќерка како да нема никаква врска со неа.
На снимката се гледа како девојчето се враќа во станот со својата мајка минатиот август. Влегуваат во зградата, а потоа во лифтот и се чини дека Никол воопшто не комуницира со својата ќерка.
Цело време држи цигара во устата, се гледа себеси во огледалото во лифтот, а Кејли-Џејд ја гледа речиси цело време, но нејзината мајка ја игнорира. Кејли-Џејд беше пронајдена мртва во нејзината соба следното утро.
Никола Прист ги повика итните служби, но за време на судењето се докажа дека Никол повикала брза помош откако Кејли била мртва со часови. Судот, исто така, утврди дека девојчето ќе било живо денес, ако навреме била повикана брза помош.
Никола и нејзиното поранешно момче на судењето се обвинуваа еден со друг за тоа кој е виновен за нејзината смрт, а деталите за тоа како ја злоставувале Кејли беа објавени на суд, иако Никола направила многу повеќе. Често ќерката ја удираше по глава и ѝ велеладека е „е ** но детиште“, а соседите можеа да ја слушнат Кејли како плаче често, а имало и удари, крици и кавги. Соседите рекле дека Никола, кога Кејли плачела, гласно ќе ја зголемела музиката во станот за да не се слуша плачот на детето, пишува Гардијан.
Тие, исто така, изјавија дека често ја слушале како му кажува само негативни работи на девојчето, како што се „замолчи“, „мала курва“, „тргни се“, „остави ме на мира“ …
На суд беа прочитани неколку СМС пораки што Никола и нејзиното момче ги размениле само неколку недели пред Кејли да биде пронајдена мртва.
Никола: “Ќе ја убијам. Оди во кујна цело време, ја истепав сама затоа што посрала во пелените”.
Калум: “Ако. Удри ја еднаш и за мене”.
Никола: „Ваљи, љубов“
Кејли и нејзината мајка, која на суд беше откриено дека има многу ниско ниво на интелигенција, живееле во стан опишан како многу валкан, во собата на Кејли немало сијалици и немало завеси во станот. Мајката на Никола одамна пријавила се во социјалните служби, но се уште не е познато дали реагирале и дали биле свесни за условите во кои живеела убиената Кејли.