Ултрадесничарската АфД повторно со зголемена поддршка од 25 проценти, втора политичка сила во Германија

3.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ултрадесничарската АфД повторно со зголемена поддршка од 25 проценти, втора политичка сила во Германија

Според најновата анкета на Германскиот институт за нови општествени одговори (INSA), десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) моментално има највисоко ниво на поддршка од мај, додека актуелната владејачка коалиција на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија (SPD) не би освоила мнозинство во Бундестагот.

Во неделната анкета на INSA за Bild am Sonntag, AfD достигна 25 проценти од поддршката на граѓаните за прв пат од средината на мај, што одговара на зголемување од еден процентен поен, објавува денес Welt.

Според анкетата, другите партии ги задржаа своите резултати од претходната недела, а CDU/CSU останаа најсилна партија со 27 проценти поддршка, додека нивниот коалициски партнер SPD моментално има 15 проценти.

Заедно, CDU/CSU и SPD имаат само 42 проценти поддршка, што моментално е помалку од мнозинството во Бундестагот, за кое е потребна поддршка од 44 проценти.

Зелените имаат 11 проценти поддршка, Левичарската партија има десет, популистичката Сара Вагенехт Алијанс BSW има четири проценти, а Либерално-демократската партија (FDP) има три проценти поддршка.

INSA анкетирала 1.203 лица од 28 јули до 1 август.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата