Украина соопшти дека уништила 137 од 164 дрона со кои Русија синоќа ја нападнала

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украина соопшти дека уништила 137 од 164 дрона со кои Русија синоќа ја нападнала

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нападот почнал вчера во 20:00 часот, кога Русија лансирала балистички проектил Искандер-М и 164 беспилотни летала.

Воздушниот напад бил одбиен од авијацијата, ракетните единици, групите за електронско војување, неименувани системски единици и мобилни групи на украинските одбранбени сили.

Вкупно 137 дрона биле соборени или неутрализирани над Северна, Јужна, Источна и Централна Украина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата