- Израелската армија дејствува со многу интензивна сила во вашата област и е решена да го разбие и порази Хамас, пишува во летоците.
- За ваша безбедност, веднаш евакуирајте се преку улицата Ал-Рашид јужно од Вади Газа. Предупредени сте, ја пренесува Тајмс оф Израел содржината на летокот.
Израелската војска претходно соопшти дека повеќе од 250.000 луѓе во последните недели го напуштиле градот Газа и се преселиле во други делови од територијата.
- Според проценките на ИДФ, повеќе од четвртина милион жители на градот Газа го напуштиле градот поради сопствена безбедност, соопшти портпаролот на израелската армија, полковник Авичај Адрае на Х.