Трамп побара да се укине правилото на филибастер во американскиот Сенат

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп побара да се укине правилото на филибастер во американскиот Сенат

Оваа постапка му овозможува на малцинството во американскиот Сенат да ги блокира законите предложени од мнозинството, со продолжување на времето за дебата и спречување на гласање.

„ИНИЦИРАЈТЕ ЈА „НУКЛЕАРНАТА ОПЦИЈА“, ОТСТРАНЕТЕ ГО ФИЛИБАСТЕРОТ И, НАПРАВЕТЕ ЈА АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!“ напиша Трамп на својата платформа Truth Social доцна синоќа.

Филибастерот (неограничен говор) е правило старо повеќе од 100 години, уникатно за американскиот Сенат, потсетува ДПА.

Според веб-страницата на Сенатот, тоа е „акција дизајнирана да ја продолжи дебатата и да го одложи или спречи гласањето за закон, резолуција, амандман или друго дискутабилно прашање“.

Филибастерот може да се укине со предлог за „затворање“, но за тоа се потребни 60 гласови во 100-члениот Сенат, пренесува германската агенција.

Републиканците на Трамп моментално имаат 53 места во Сенатот и ќе им бидат потребни најмалку седум демократски гласа за да го прогласат крајот на дебатата и да го отворат патот за гласање.

Демократите - кои Трамп ги опиша како „луди како камен“ - се свесни за својата позиција и бараат отстапки од партијата на Трамп во замена за нивните гласови.

Блокадата во САД трае повеќе од четири недели без изгледи за нејзино завршување. Бидејќи демократите и републиканците во Конгресот на САД не можат да се договорат за федерален буџет, нема основа за понатамошно финансирање на владата и сите федерални институции. Како резултат на неа, многу владини агенции и институции мораа да ја затворат или сериозно да ја ограничат својата работа,потсетува ДПА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата