Трамп го прекина молкот за неговото здравје по бројните шпекулации, некои објавија и дека починал

1.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп го прекина молкот за неговото здравје по бројните шпекулации, некои објавија и дека починал

Трамп одговараше на шпекулациите за време на викендот дека неговото здравје се влошува, па дури и дека починал, а откако не се појави во јавноста во последните денови, што е многу невообичаено за него.

„Никогаш не сум се чувствувал подобро во животот“, напиша Трамп со големи букви на социјалните мрежи, објави „Хафингтон пост“.

Ова беше неговиот одговор на објава во која се наведува дека иамало „двоен стандард“ што неговите отсуства се внимателно следени, додека оние на поранешниот претседател Џозеф Бајден не биле предмет на таков надзор.

Трамп се соочува со растечки прашања за неговото здравје, вклучувајќи отечени глуждови и модринки на рацете што често ги покрива со шминка, а имаше и шпекулации дека му остануваат до осум месеци живот.

Белата куќа соопшти дека Трамп страда од хронична венска инсуфициенција, што значи слаб проток на крв од нозете назад кон срцето, предизвикувајќи оток на стапалата и глуждовите. Модринките, рекоа тие, се предизвикани од чести ракувања во комбинација со употреба на аспирин.

Потпретседателот Џ.Д. Венс минатата недела изјави дека е „многу уверен“ дека Трамп ќе го отслужи целиот свој мандат.

„Претседателот е во извонредно добра здравствена состојба. Има неверојатна енергија“, изјави тој за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Венс додаде дека ако „не дај Боже“ нешто му се случи на Трамп, тој ќе биде подготвен да ја преземе одговорноста.

Последното јавно појавување на Трамп беше на состанок на кабинетот во вторник, каде што високи функционери се обсипуваа меѓусебно со пофалби за претседателот.

Иако продолжи да објавува на социјалните медиуми, самиот претседател остана невообичаено невидлив до викендот. Тој беше накратко фатен на камера и во саботата и во неделата, кога играше голф.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата