Трамп: Го фативме осомничениот за убиството на Кирк

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Го фативме осомничениот за убиството на Кирк

На прашањето дали има некакви вести за осомничениот, Трамп во своето гостување на Фокс Њуз, одговори: Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на Сигурност. Тој само откри дека притворениот е на возраст од 28-29 години и дека некој многу близок до осомничениот ги известил властите за него, односно дека неговиот татко го убедил синот доброволно да се пријави.  Претходно денеска, одделот за јавна безбедност на Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот десничарски активист во Америка. Видеото прикажува човек како трча преку покривот на училишна зграда, а потоа во блиската шума, каде што подоцна било пронајдено оружјето употребено за убиство на Кирк.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата