Стејт департмент: Рубио денеска ќе се сретне со премиерот на Катар

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стејт департмент: Рубио денеска ќе се сретне со премиерот на Катар

Средбата е поради нападот на Израел во вторникот врз заливската земја која е сојузник на САД, во кој Израел се обиде да ликвидира дел од раководството на палестинското исламистичко движење Хамас што живее таму.

Во ретка критика на Израел, претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ поради тој напад.

Израел во вторникот бомбардираше станбен комплекс во самиот центар на Доха, главниот град на Катар, држава-посредник во преговорите за примирје во Појасот Газа.

Премиерот на Катар, Мохамед бин Абделрахман ал Тани, вчера пред Советот за безбедност на ОН изјави дека Катар ќе ја продолжи својата дипломатска улога во преговорите меѓу Израел и Хамас. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата