Израел размислува за поместување на „Жолтата линија“ што ја пресекува Газа, што би ставило поголем дел од територијата под контрола на неговата војска, се наведува во медиумските извештаи, пренесени од „Тајмс оф Израел“.
Состанокот на кабинетот ќе се одржи откако израелските власти го обвинија Хамас дека синоќа предаде дополнителни останки на убиениот заложник чие тело веќе беше вратено, наместо телото на еден од преостанатите 13 заложници, објавува порталот.
Доколку ова сомневање се потврди, ќе помине точно една недела откако Хамас го предаде последното тело на еден заложник.
Израел тврди дека палестинските милитанти ги одложуваат своите обврски за продолжување на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври.

