Скандал во Долниот дом на британскиот парламент: Звуци од интимен однос одекнуваат пред говорот на премиерот

5.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал во Долниот дом на британскиот парламент: Звуци од интимен однос одекнуваат пред говорот на премиерот

Покрената е истрага за тоа како телефонот влегол во британскиот парламент и како бил поставен во близина на местото од каде што британскиот премиер одговара на прашања од пратениците, бидејќи, како што наведуваат надлежните служби, ова е сериозно нарушување на парламентарната безбедност, објавува лондонскиот весник „Тајмс“.

Телефонот бил поставен во близина на предните клупи и требало да се активира и да пушта сексуално експлицитна аудио снимка додека британскиот премиер Кир Стармер одговара на прашања од Камил Баденок, пратеничка од опозициската Конзервативна партија.

Сепак, телефонот бил пронајден за време на рутинско пребарување пред одговорите на премиерот, а прегледот на снимките од безбедносните камери не пронашол јасни докази за тоа кој го поставил телефонот и кога.

„Изгледа како да било само шега, но можело да биде многу полошо, како некаков вид експлозивна направа. Не знаеме како телефонот стигнал таму“, изјави неименуван член на британската безбедносна служба.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата