Од музеј во Франција се украдени предмети вредни над 6 милиони евра

5.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од музеј во Франција се украдени предмети вредни над 6 милиони евра

Вредноста на третиот предмет, вазна, сè уште не е проценета, јавува BFM TV.

Кражбата се случила синоќа, соопштија информирани извори.

Музејот во Лимож изложува исклучително вредна колекција на дела што ја претставуваат историјата на керамиката.

Министерката за култура на Франција, Рашида Дати изјави на платформата X дека полицијата прави сè што може за да ги пронајде украдените предмети.

„Ја сметам оваа кражба за напад врз градот и неговото наследство“, рече градоначалникот на Лимож, Емил Роже Ломберти.

Чуварите на музејот веднаш кренаа тревога, но и покрај брзото пристигнување на полицијата на местото на настанот, крадците веќе избегаа.

Обвинителството во Лимож веднаш отвори истрага за кражбата на културниот имот изложен во францускиот музеј.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата