„Имаме средства во воздух, средства во вода, средства на бродови, бидејќи ова е смртоносна сериозна мисија за нас и нема да престане со овој напад“, изјави првиот човек на Пентагон, Хегсет за Фокс њуз.
Тој предупреди дека секој друг „наркотерорист“ во тие води „ќе се соочи со истата судбина“ како и венецуелскиот брод, објави Ројтерс.
Американската војска вчера уби 11 лица во напад врз венецуелски брод за кој се тврди дека превезувал нелегални дроги, што е прва позната операција од ваков вид од неодамнешното распоредување на американски воени бродови во јужниот дел на Карибите.