Либиец бега од германски затвор- го прескокна ѕидот, ама се сплетка во жицата (ВИДЕО)

4.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Либиец бега од германски затвор- го прескокна ѕидот, ама се сплетка во жицата (ВИДЕО)

Според информациите од затворската управа, затвореник од Либија успеал да ја премине заштитната ограда во затворскиот комплекс и да се искачи на внатрешната врата пред влезот. Иако стражарите реагирале веднаш, затвореникот не се откажал од својот план, објавува Fenix.

И покрај опасноста, тој продолжил низ бодликавата жица и стигнал до покривот на преминот за возила. Обидот за бегство завршил неуспешно кај надворешниот ѕид на затворот. На крајот, пожарникарите го фатиле со појас за спасување, а полицијата го вратила во затвор.

Затвореникот претрпел полесни повреди и бил подложен на лекарски преглед. Од безбедносни причини, тој бил префрлен во друг затвор во Саксонија.

Во моментов не е познато зошто бил уапсен Либиецот, колку трае неговата казна или како точно успеал да ја напушти затворската зграда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата