- Русија, секако, ќе возврати на овој пријателски гест. Ќе го сториме истото, изјави Путин.
Од 15 септември русите ќе можат да влегуваат во кина за престој до 30 дена само со пасош, соопшти кинеското министерство за надворешни работи. Новата регулатива ќе биде во сила за пробен период од една година. Сегашните правила дозволуваат русите со дипломатска или службена документација да патуваат во Кина, а постои и билатерален договор за безвизни групни патувања.