Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани

- Комуникациските канали постојат, добро се воспоставени. Нашите преговарачи имаат можност да комуницираат преку тие канали, но засега би сакале да зборуваме за пауза, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг.

Разговорите што се одржаа претходно годинава во Истанбул не резултираа со никаков вистински напредок, освен со договор за размена на воени заробеници.

Од преговорите досега се знае дека Русија, меѓу другото, бара демилитаризација и делови од Украина, додека Киев условите ги смета за неприфатливи и бара безбедносни гаранции од своите сојузници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата