Сијарто разговараше со Рубио за напорите за ставање крај на војната во Украина

12.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сијарто разговараше со Рубио за напорите за ставање крај на војната во Украина

Сијарто во објава на X рече дека било „охрабрувачки да се слушне дека, покрај неодамнешната ескалација“, американскиот претседател Доналд Трамп „цврсто стои во својата мисија да донесе мир во Украина и не се откажал“.

Тој додаде дека „Унгарија продолжува да ги поддржува неговите напори“.

Мисијата на САД во ЕУ исто таа соопшти дека Рубио денеска разговарал со Сијарто за да го нагласи значењето на поддршката на мировниот процес кој е насочен кон ставање крај на војната меѓу Русија и Украина преку трајно решение.

Државниот секретар и министерот за надворешни работи исто така разговараа за стратешки напори за обезбедување енергетска безбедност, се додава во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата