Бројот на жртви од поплавите предизвикани од обилните дождови во централен Виетнам се искачи на 40, а шест лица се водат како исчезнати, а 76 се повредени, соопшти Виетнамската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Според извештајот, речиси 80.000 куќи се уште се под вода, 104 се уништени или однесени од поројните дождови, а 453 се оштетени, објави Синхуа.
Поплавите погодија повеќе од 10.800 хектари ориз и други култури, додека повеќе од 68.500 грла добиток и живина се убиени или однесени.
Повеќе од 163.200 домаќинства во погодената област се без електрична енергија, се вели во соопштението.

