Портпаролката рече дека и дојдовните и појдовните летови во моментов се суспендирани, но не можеше да каже колку долго аеродромот ќе остане затворен, објави Ројтерс.
Помалиот аеродром во Лиеж, исто така, соопшти дека е привремено затворен откако беа забележани дронови.
Портпаролот на белгиската контрола на воздушниот сообраќај, Курт Вервилиген, рече дека дрон е забележан во близина на аеродромот во Брисел кратко пред 19:00 часот по Гринич и дека аеродромот е затворен како мерка на претпазливост.
Аеродромот во Копенхаген и аеродромот во Осло беа накратко затворени во септември поради забележани дронови во близина.
Дронови беа видени и над белгиската воена воздухопловна база минатиот викенд.

