„Ако Зеленски е подготвен за средба, нека дојде во Москва“, рече Путин, додавајќи дека „има светлина на крајот од тунелот“, објави РИА Новости.
Тој рече дека ако преовлада здравиот разум, тогаш може да се постигне договор за тоа како да се заврши војната во Украина на задоволителен начин, пренесе ДПА.
„Во спротивно, ќе мораме сè да решиме воено“, рече Путин, додавајќи дека го информирал американскиот претседател Доналд Трамп за својата желба да се сретне со Зеленски.
🚨 Russian President Vladimir Putin said "If Zelensky is ready, let him come to Moscow - such a meeting will take place," signaling an openness to dialogue with Ukrainian President Volodymyr Zelensky 🇷🇺🇺🇦 pic.twitter.com/BsCnJAomq4
— Depin Bhat (@DepinBhat) September 3, 2025
Тој рече дека е можна прифатлива опција за завршување на војната, додавајќи дека сите обиди на Русија мирно да го реши украинското прашање биле осуетени.
Тој нагласи дека ја гледа искрената желба на администрацијата на Трамп да го реши украинскиот конфликт и го нарече Зеленски „вршител на должноста шеф на администрацијата на Украина“.
Сумирајќи ја својата посета на Кина, каде што присуствуваше на воена парада по повод Денот на победата во Втората светска војна, Путин рече дека посетата била многу позитивна и оцени дека Кина останува движечка сила на глобалната економија.
„Во овој поглед, особено би ја истакнал кинеската иницијатива за глобално управување. Ми се чини дека ова е многу навремено и, што е важно, оваа иницијатива е насочена кон позитивна соработка меѓу оние земји што се собраа на самитот во Кина и нашите потенцијални партнери меѓу земјите што во моментов не сакаат да го прогласат ова партнерство“, рече Путин, додавајќи дека потребата за енергетски ресурси расте, вклучително и во кинеската економија.
Зборувајќи за принципот на мултиполарност, Путин рече дека тоа не значи дека во светот се појавуваат нови хегемони, туку дека сите земји треба да имаат еднакви права.