Полицијата била повикана на Плоштадот Витлеем, во близина на железничката станица Гар ди Миди во Брисел, каде што се пронајдени две повредени лица и чаури, објави Ројтерс.
Двајца осомничени се уапсени, додека повредите на жртвите не се опасни по живот, соопшти полицијата во соопштението.
Обвинителството соопшти дека „точните околности на инцидентот се предмет на детална истрага“, не исклучувајќи ја можноста дека станува збор за борба меѓу нарко-банди.
Брисел е погоден од бран насилство поврзано со трговија со дрога во последните години, велат медиумите.
Белгиските власти проценуваат дека повеќе од сто од најопасните криминални мрежи во Европа моментално дејствуваат во земјата.
Во февруари оваа година, неколку метро станици во Брисел беа затворени додека беше спроведена потрага по осомничени по пукотница поврзана со дилери на дрога.

