Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид

Изјавата беше дадена за време на поткаст со новинарот Патрик Бет-Давид, пренесе „Џерузалем пост“.

На прашањето зошто Израел се двоуми да го признае масакрот врз Ерменците, Асирците и Грците од 1915-1917 година како геноцид, Нетанјаху посочи дека неодамна Кнесетот усвоил резолуција со која овие настани се признаваат како геноцид.

На инсистирањето на новинарот за неговото лично признавање, Нетанјаху одговори: Штотуку го сторив тоа.

Бет-Давид, кој е етнички Ерменец и Асирец, истакна дека ова прашање е особено важно за него и дека многу Ерменци, Асирци и Грци очекуваат признавање на геноцидот од светските лидери.

Израелските пратеници во повеќе наврати, вклучително во 2018 и 2021 година, поднесуваа предлози за официјално признавање на Ерменскиот геноцид во Кнесетот, но тие беа отфрлани. Турција, како правен наследник на Османската Империја, категорично се противи на класификацијата на овие настани како геноцид. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата