Направила совршен банџи-скок, па се вратила да направи селфи- паднала од 88 метри пред очите на синот (ВИДЕО)

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Направила совршен банџи-скок, па се вратила да направи селфи- паднала од 88 метри пред очите на синот (ВИДЕО)

Несреќата се случила на нејзиниот 45-ти роденден во Павловск, во близина на Санкт Петербург, Русија.

Елизавета, страствен љубител на екстремни спортови, се лизнала и паднала од напуштена кула висока 88 метри, од која претходно изведе спектакуларен скок за прославата на нејзиниот роденден.

Според каналот Звезда, по скокот, Елизавета повторно се искачила на кулата за да сними селфи, но без безбедносни јажиња, кога се лизнала и паднала, објави Дејли Меил.

Последното видео од нејзиниот скок, на кое може да се слушне како вели „ајде да одиме“,е објавено на социјалните мрежи само неколку моменти пред трагедијата.

„Искусната скокачка и мајка на две деца, Лиза, почина под трагични околности. Елизавета Гускина, заедно со нејзиниот син Никита, беше членка на нашиот спортски тим. Целиот тим сега тагува по загубата. Ова е голема трагедија за нас“, соопшти компанијата 23block, која управува со популарниот објект за банџи во Русија. Обвинителството веќе започнало истрага за да утврди дали организаторите постапиле во согласност со законот при давањето на своите услуги.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата