Најмалку 29 загинати во човечко стампедо на собир на индиски актер и политичар, меѓу жртвите и деца (ВИДЕО)

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 29 загинати во човечко стампедо на собир на индиски актер и политичар, меѓу жртвите и деца (ВИДЕО)

Најмалку 29 лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а околу 30 се повредени во стампедо на митингот на тамилскиот актер и политичар Виџај, објави денес „Тајмс оф Индија“, повикувајќи се на министерот за здравство на државата Тамил Наду, Ма Субраманијан, пренесе Индекс.

Најмалку 24 лекари од блискиот округ Тиручи и 20 од Салем се испратени во Карур, соопшти TOA.

Преполн собир во Карур

Стампедото се случило на преполн собир на Виџај во градот Карур. Според индиските медиуми, неколку членови на неговата партија Тамилага Ветри Кажагам (TVK) ја изгубиле свеста и биле итно префрлени во болница со амбулантни возила. Виџај накратко го прекинал својот говор и лично им делел шишиња со вода на толпата за да им помогне.

Ова е уште еден во низата проблеми со масовните собири во Тамил Наду, каде што политичките партии традиционално собираат десетици илјади луѓе на отворени простори без строги контроли за влез.

Кој е Виџај?

Џозеф Виџај Чандрасекар, познат како Виџај, е индиски актер и политичар роден на 22 јуни 1974 година во Ченај, Тамил Наду.

Во текот на својата повеќе од триесетгодишна кариера, тој снимил 68 филмови и станал една од најголемите ѕвезди на тамилското кино. Во февруари 2024 година, тој ја основал својата политичка партија Тамилага Ветри Кажагам (ТВК) и започнал активна улога во политиката на индиската држава Тамил Наду.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата