Мерц: Русија ќе ја заврши војната против Украина од економски и воени причини

30.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц: Русија ќе ја заврши војната против Украина од економски и воени причини

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека очекува дека Русија ќе ја запре војната против Украина само кога повеќе нема да биде во можност да ја води од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори во последните недели не успеаја.

-Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон населението на Украина, рече Мерц на регионалниот состанок на неговата Христијанско-демократска унија во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесоа британските медиуми.

Началникот на Генералштабот на руската армија, Велери Герасимов, претходно денеска изјави дека руските трупи спроведуваат континуирана офанзива речиси по целата линија на фронтот во Украина и дека имаат „стратешка иницијатива“.

Русија, исто така, од летово ги засили воздушните напади врз украинските градови и места далеку од линијата на фронтот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата