„Судир помеѓу возило и лос се случи во петок во 1 часот наутро на автопатот Џорџ Паркс“, соопшти локалната сообраќајна полиција, објави CNN.
Возачот бил прогласен за мртов на местото на настанот, а неговата сопатничка е однесена во болница во Фербанкс.
Службата за национални паркови го истражува инцидентот и соработува со бугарската амбасада за да го извести семејството на возачот.
„Овој судир е сериозно предупредување за опасностите од дивиот свет на патиштата во Алјаска. Лосовите, ирвасите и другите големи животни често се активни во зори, самрак и во текот на ноќта и честопати тешко се забележуваат“, се вели во соопштението на Националниот парк и резерват Денали во Алјаска.