Вежбите „Заедничко Море-2025“ започнаа во водите во близина на руското пристаниште Владивосток, соопшти кинеското Министерство за одбрана.
Двете војски ќе спроведуваат операции за спасување на подморници, борба против подморници, воздушна и ракетна одбрана и поморска борба.
Четири кинески бродови, вклучувајќи уништувачи со водени ракети, учествуваат во вежбите заедно со руски бродови, соопшти Министерството.
По тридневните вежби, двете земји ќе спроведуваат поморски патроли во „водите на Тихиот Океан“.
Кина и Русија редовно одржуваат заеднички вежби, а маневрите „Заедничко Море“ започнаа во 2012 година.