Хаос во Швајцарија: Стотици се судрија со полицијата поради убиство на тинејџер, гореше градскиот превоз (ВИДЕО)

25.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во Швајцарија: Стотици се судрија со полицијата поради убиство на тинејџер, гореше градскиот превоз (ВИДЕО)

Голем број млади излегоа на улиците на Лозана, Швајцарија, синоќа, откако нивен врсник бил убиен за време на полициска потера. Во еден момент, сè ескалираше. Толпата наводно фрлаше пиротехнички средства кон полицијата, запали контејнери, па дури и градски автобус.

Немирите започнаа околу 21:30 часот, а до полноќ градот беше во состојба на опсада.

Според полицијата, околу 100 луѓе се собрале синоќа во областа Прелаз, а потоа маскирани демонстранти почнале да фрлаат пиротехнички средства кон полицијата, палејќи пожари на неколку локации, што ја натера противпожарната служба да реагира.

Снимките и фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат контејнери како горат на улиците, а голема штета е направена и на едно возило од јавниот превоз.

Иако причината за собирањето не е официјално потврдена, полицијата верува дека младите излегле да протестираат против смртта на тинејџер (17), кој почина во Лозана во недела наутро додека бегаше од полицијата. Тинејџерот удрил со својот скутер во ѕид.

Според полицијата, скутерот претходно бил украден. Патролата наводно го бркала со вклучена ротација повеќе од 100 метри.

Првичните наоди од истрагата покажуваат дека тинејџерот ја изгубил контролата врз скутерот кога со голема брзина прегазил полицаец.

Целиот случај е под истрага. Починатиот тинејџер е швајцарски државјанин.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата