Хаос во авион: Патници се обиделе да ја отворат вратата, им се закануваат пет години затвор (ВИДЕО)

30.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во авион: Патници се обиделе да ја отворат вратата, им се закануваат пет години затвор (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот Лондон-Аликанте, патниците ги зафатила паника, па пилотот решил да изврши итно слетување во францускиот град Тулуз. Набрзо, на местото на настанот пристигнале членови на Националната жандармерија.

Што се случило?

„Седел до излезот за итни случаи и се обидел да ја отвори вратата. Беше застрашувачки“, рекол еден патник.

Сведоци тврдат дека инцидентот започнал пред да се качи во авионот, кога група мажи консумирале алкохол купен во фри шоп.

„Не требало ни да се качат во авионот. Биле видливо пијани уште на терминалот“, тврди еден патник.

Акција на француската полиција

Истата група наводно продолжила да се однесува несоодветно во авионот - ги игнорирале упатствата на персоналот, пцуеле и се расправале.

„Еден од нив се обидел да се приближи до мојата пријателка и почнал да ја прегрнува и бакнува, но кабинскиот персонал го вратиле на неговото седиште“, изјавила патничката Тања Николс.

По ескалацијата и принудното слетување, четворица припадници на Националната жандармерија влегле во авионот. На патниците им било кажано дека ќе мора да излезат, и настанал хаос.

Снимката се појави на социјалните мрежи

Снимката објавена на социјалните мрежи покажува неименуван маж како се обидува да се соочи со полицајците, велејќи „Не, не, не, не“.

И покрај неговиот отпор, тој беше совладан, врзан со лисици и изнесен. Цело време, во позадина може да се види едно момче кое вели: „Тоа е мојот татко. Тој не започна, тие започнаа“.

Синот исто така бил изнесен многу брзо, објавува Дејли Меил.

Почна официјална истрага

Авионот потоа го продолжи летот и пристигна на својата дестинација со 45 минути задоцнување.

„Екипажот во кабината беше неверојатен - професионален, смирен и прибран во текот на целиот инцидент. Тие заслужуваат секој комплимент“, рече Тања Николс.

Француските власти потврдија дека е започната истрага против британскиот осомничен. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со затворска казна за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата