Кетрин Коноли денеска станува десетта претседателка на Ирска

11.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кетрин Коноли денеска станува десетта претседателка на Ирска

Церемонијата ќе се одржи во салата „Свети Патрик“,во Даблинскиот замок, каде што се инаугурирани сите ирски претседатели од 1938 година, објави РТЕ.

Мандатот на претходниот претседател Мајкл Д. Хигинс истече на полноќ, а должностите на претседателот ги презеде комисија составена од главниот судија Донал О'Донел, Шијан Комхерол и Верона Марфи.

Коноли беше избрана на 25 октомври со 63 проценти од гласовите, победувајќи ги Хедер Хамфрис и Џим Гевин.

За време на инаугурацијата, таа ќе прочита декларација на ирски јазик и ќе ја потпише, по што ќе биде испукана почесна стрелба од 21 артилериски орудија.

На церемонијата ќе присуствуваат премиерот, политичари од сите партии, членови на судството, првата министерка на Северна Ирска Мишел О'Нил и други гости.

Потоа, како што е најавено, Коноли ќе се обрати пред публиката и ќе ги изложи приоритетните теми за нејзиниот претседателски мандат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата