Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции.
- Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на сите мировни напори кои се прават, рече Калас по пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според неа, новите санкции против руските енергетски извози и финансиски услуги „ќе имаат најсилен ефект“.
Покрај тоа, Калас ги повика земјите-членки на Унијата да продолжат со снабдување на Киев со оружје. - На Украина во овој момент и е потребна целата можна воена поддршка, потенцира таа.
Министрите во Копенхаген ќе дискутираат и за безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната. Како можни мерки се споменуваат продолжување на обуката за украинската армија и поддршка на тамошната одбранбена индустрија.
- Но, ако гледаме што прави Путин, денот по војната сè уште не е близу, призна Калас.