Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот

4.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот

Израелската армија денеска ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот, додавајќи дека тој останува област на активни борбени дејства и покрај прифаќањето на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на Израел и Хамас. 

- Израелските сили сè уште спроведуваат операции во Газа и е исклучително опасно да се вратите таму. За ваша безбедност, не се враќајте на север и не приближувајте до областите каде што дејствуваат трупите, вклучително и во јужниот дел на Појасот Газа, објави на социјалната мрежа Х портпаролот на армијата, полковник Авичаи Адрае.

Службата за цивилна одбрана на Газа објави за десетици израелски напади и артилериско гранатирање во Газа, и покрај повикот на Доналд Трамп до Израел веднаш да го запре бомбардирањето на палестинската територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата