Како што јавија иранските медиуми, една од точките на дневен ред ќе биде прашањето за укинување на санкциите кон Иран.
На разговорите ќе присуствуваат претставници на Германија, Франција и Велика Британија. Иранската делегација ќе ја предводи заменик-министерот за надворешни работи Маџид Тахт Раванчи.
Тоа ќе биде втор состанок во Женава по завршувањето на 12-дневната војна помеѓу Израел и Иран.