Кристерсон нагласи дека плановите за нуклеарна енергија се долгорочни и дека политичката стабилност и единството во донесувањето одлуки се од суштинско значење, објавува „Шведски Хералд“.
- Отворени сме за разговори со сите страни и гледам дух на консензус за нуклеарната енергија што ги надминува политичките блокови - рече шведскиот премиер.
Планирано е да се изградат три до пет мали модуларни нуклеарни реактори (SMR) во електраната Рингхалс во југозападна Шведска.
Тие ќе имаат вкупен капацитет од околу 1.500 мегавати, што е еквивалентно на два конвенционални реактори, објавува порталот „Европски конзервативци“.
Во 1980 година, Шведска одлучи на необврзувачки референдум постепено да ги укине нуклеарните централи, а оттогаш шест од 12-те стари реактори се затворени.
Сепак, политичкото мнозинство во земјата сега ја поддржува континуираната употреба на нуклеарна енергија заедно со обновливи извори на енергија за намалување на зависноста од фосилни горива. Ана Борг, извршен директор на шведската енергетска компанија „Ватенфал“, изјави дека цената на проектот е „сè уште во фаза на преговори“ и додаде дека целта е новите реактори да бидат изградени околу 2035 година.